Категории

9 компании деноноќно работат на создавање на вакцината против корона вирусот

Големите фармацевстки компании истапија со плановите да развијат вакцина или метода на лечење за личностите заболени од новиот корона вирус

Од корона вирусот откриен во Вухан, Кина се заразени преку 100,000 луѓе додека починати се преку 3,400. Не постои нити лек, нити вакцина нити терапија за оваа болест, но постојат бројни случаеви во кои пациентите оздравеа  од вирусот.

Во САД неколку компании веќе се обидуваат да пронајдат лек за коронавирусот, а финансиите ги добија од две организации: Управата за напредо биомедицинско истражување и развој (БАРДА) и Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАД).

Уште 9 компании во Америка се обидуваат да пронајдат лек за корона вирусот, еве кои се тие:
Gilead Sciences Inc.
GlaxoSmithKline
Inovio Pharmaceuticals Inc.
Johnson & Johnson
Moderna Inc.
Regeneron Pharmaceuticals Inc.
Sanofi
Takeda Pharmaceutical Company Ltd.
Vir Biotechnology Inc.