Категории

9 ЗНАЦИ ДЕКА ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС

Навистина е тешко да се најде вистинскиот партнер со кого ќе можете да ја почувствувате вистинската љубов и блискост и да се чувствувате исполнето и среќно. Понекогаш со години се трудиме да ја надеме вистинската љубов, а понекогаш таа е тука пред нас но не сме свесни за тоа. Сигурно досега сте се прашувале Дали е тој вистинскиот за мене? Овие неколку знаци ќе ви го потврдат тоа.

Постојано зборува за вас и за вашите успеси

Тој се радува за вашиот успех и го споделува со своите пријатели и роднини. Тој обожава да зборува за вас пред своите блиски луѓе и секоја работа којашто сте ја постигнале вие, без разлика дали се работи за некоја промоција на работа или пак сте освоиле некоја награда, тој веднаш им кажува на пријателите пред вие воопшто да почнете да зборувате за тоа.

Секогаш се однесува кавалерски спрема вас

Иако сте заедно веќе со години, тој се уште практикува да се однесува како вистински кавалер. Ви ја отвора вратата, ви ги масира нозете по долгата ноќ помината на високи потпетици, ве изненадува со прекрасен букет рози, сето тоа го прави бидејќи сè уште ве сака и се грижи за вас.

Не се труди да ве промени

Тој ги знае сите ваши мани, но ги прифаќа сите и воопшто не ви замерува на тоа што можеби не знаете да готвите или пак не ја средувате редовно куќата.

Му недостигате

И постојано ви го покажува тоа доколку не сте се виделе подолго време.

Можете да плачете пред него без да се чувствувате засрамено

Тој знае кога ви е потребен и секогаш е тука да ве утеши, сослуша и да ви го даде вистинскиот совет.

Близок е со вашето семејство

Веќе сте го запознале со вашите родители и тој навистина одлично се согласува со нив. Покрај тоа тој ги познава сите останати роднини и ваши блиски пријатели и не му пречи да биде во нивно присуство. Секогаш доаѓа со вас на семејните прослави, родендени, а покрај тоа секогаш ве носи со него на слични забави приредени од страна на неговото семејство.

Твоите пријатели се и негови пријатели

Постојано се дружите со твоето друштво и тој навистина е близок со нив. Тој се грижи за твоите пријатели како да се негови и постојано те прашува како се и што прават, доколку не сте се виделе подолго време. Исто така, многу му е важно и неговите пријатели да бидат блиски со вас.

Ненадејно ви кажува дека сте убава

Дури и кога најмалку очекувате се труди да ви даде до знаење дека сте му убава или пак да ви сподели убави зборови. Тој ви кажува дека сте убава и во моментите кога најмалку го очекувате тоа или пак кога воопшто не се чувствувате така.

Правите работи заедно без да се расправате постојано

Вие уживате во времето поминато заедно и секогаш кога се договарате за следната активност тоа го правите на мирен начин прифаќајки ги идеите и на едниот и на другиот. Не дозволувате секој разговор да заврши во караница, поради различните идеи и размислувања.

Прегледи:
442
Објавено на:
23.01.2017