Категории

91-годишен пензионер кој ја прими вакцината против корона го насмеа и мотивира светот со својата изјава

(ВИДЕО) Еден 91-годишен пензионер од Велика Британија стана хит откако задоцни на терминот за вакцинација против ковид-19.

Мартин Кенион даде интервју за CNN и ги насмеа многумина откривајќи дека задоцнил затоа што „никаде не можел да пронајде проклет паркинг“. Откри дека дошол да се вакцинира и не бил баш задоволен од рушекот.

„Се јавив во билница и прашав што прават со вакцинацијата. Тие после тоа ме испрашуваа разни прашања, то ане беш баш интересно, но јас им одговарав а потоа тие ми рекоа да дојдам во 12:30 часот. Секако, никаде не можев да најдам проклет паркинг па затоа задоцнив. Сеедно сум сега тука, бев внатре и воедно ме ставија на листа“, објаснува.

„Отидов и поприлично лошо ручав, а потоа се вратив и беа подготвени за мене. И не, воопшто не болеше – не знаев нити дека иглата влезе додека излезе. Беше интересно и беше безболно“, додава господинот Кенион.

Пензионерот на крајот откри и што го мотивираше да биде во првите редови да ја прими долгоочекуваната вакцина.

„На планирам да се заразам со проклетиот вирус затоа што имам внуци и планирам да живеам долго за да можам да бидам во нивниот живот. Нема смисла да умрам сега кога толку долго проживеав“, заклучува.

Прегледи:
688
Објавено на:
12.12.2020