Категории

99- годишна жена шие фустани за девојчињата на кои им се најпотребни! (ФОТО)

99- годишната Лилијан Вебер, последните неколку години ги посветила на шиење фустани за добротворната организација „Мали фустани за Африка“, христијанска организација која дистрибуира фустани за деца на кои им се потребни во Африка и на други места.

Целта на Вебер е да направи 1.000 фустани до нејзиниот 100-ти роденден на 6-ти мај. Досега, таа има сошиено повеќе од 840. Иако вели дека може да шие по два дневно, таа сепак создава само по еден – но секој од нив е персонализиран и внимателно украсен. Таа се надева дека секое мало девојче кое добие некој од фустаните ќе се гордее со својата нова облека.