Категории

Пар ја зачува бременоста во тајност и празнично ги изненади блиските со БЕБЕ, погледнете ги реакциите

Пар им приреди на пријателите и роднините специјално божиќно изненадување. Бен и Хана Хејндерс ја зачувале бременоста во тајност и претпразнично им го претставиле своето бебенце на најблиските. Реакциите се скапоцени.

Таинствените партнери, кои живеат на Хаваи, се немале видено со семејствата и голем дел од пријателите 10 месеци, па не им било многу тешко да ја сокријат бременоста.

Кога претпразнично се вратиле дома, тие ја претставиле малата Ајви и ги снимиле емотивните реакции на сите кои не ја знаеле слатката тајна.

Речиси на сите вчудовидени лица им треба малку време за да ја примат веста. На почетокот некои мислат дека станува за туѓо бебе, додека други сметаат дека бебенцето е посвоено.

Прегледи:
460
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
22.12.2016