На 60 годишна возраст, денес почина актерката Кери Фишер, најпозната по нејзината улога како принцезата Леа во култниот „Војна на Ѕвездите“.
Веста е потврдена вечерва, а Фишер починала од срцев удар.
Нејзината ќерка Били Лоурд дала изјава преку нивниот публицист: Со голма тага Били Лоурд потврдува дека нејзината мајка Кери Фишер починала утрово во 08:55 часот. Беше сакана од целиот свет и ќе ни недостига на сите. Целото семејство ви е благодарно за вашите мисли и молитви.“
Фишер летала од Лондон кон Лос Анџелес на 23ти кога доживеала срцев удар. Брзата помош ја земала од авионот и ја пренело во најблиската болница како била лекувана, за жал неколку дена подоцна починува.