Категории

Зошто часовникот на рекламите секогаш покажува 10 и 10?

Дали сте забележале дека часовниците во рекламите речиси секогаш покажуваат исто време, и тоа 10 часот и 10 минути?

Одговорот е едноставен – се работи за маркетиншки трик со кој се истакнува брендот на часовникот! Името на брендот, односно производителот, по правило се наоѓа на горниот дел на часовникот, а вака наместените стрелки совршено го врамуваат и го истакнуваат тоа.

Другото објаснување е дека вака наместените стрелки потсетуваат на насмевка, која предизвикува позитивна реакција и чувства кај потенцијалниот купувач. Интересна финта! :)

Прегледи:
326
Објавено на:
31.12.2016