Утре и во среда почнувајќи од западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег. Значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 цм, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси.
Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе бидат под нулата .