Категории

Луѓето што повеќе пцујат се поискрени!

Не велиме дека пцуењето е воспитано или пожелно однесување, но според новото истражување на научниците од Универзитетот во Кембриџ, тоа може да значи дека сте поискрени!

Пцуењето се дефинира како “нефилтрирано искрено изразување на емоциите”, а 276-те учесници во истражувањето го докажале токму тоа – тие што употребувале пцовки најмалку лажеле! Тие што употребуваат пцовки не се грижат како ќе изгледаат пред другите луѓе и аналогно на тоа не се обидуваат да ги маскираат своите мисли и емоции.

Истражувањето било проширено и на 74.000 испитаници на Фејсбук, а истото повторно било потврдено – тие што ставаат филтри на изразувањето, почесто ставаат филтри и на вистината.

Затоа, ако понекогаш на некој му се испушти непријатен збор, не му замерувајте. :)

Прегледи:
327
Објавено на:
05.01.2017