Категории

Рекордно ниска температура измерена утрово во Македонија

– Најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.

Нови врнежи од снег не се забележани, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени.

Прегледи:
395
Објавено на:
08.01.2017