Категории

ПРИЈАВЕТЕ БЕЗДОМНИК ИЛИ ДЕТЕ НА УЛИЦА НА ТЕЛЕФОНОТ 15505

Ако забележите бездомник или деца на улица, бидејќи се лица под ризик од студениот бран, пријавете на бесплатниот телефонски број 15505.

Ваква препорака денес даде Центарот за јавно здравје Скопје, по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија дека ниските температури ќе траат до крајот на неделата.

Во случај на екстремно ниски температури лекарите советуваат да се избегнува физичка активност на отворено, а кога се излегува надвор да се носи топла, повеќеслојна облека и обувки за снег и мраз. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Ако сте во можност помогнете им на членовите на семејството, соседите или пријателите, а кои спаѓаат во ризичните групи, односно ако се постари лица, лица со хронични заболувања, особено со белодробни заболувања“, стои во препораките од Центарот за јавно здравје Скопје.

Во случај на екстремно ниски температури лекарите советуваат да се избегнува физичка активност на отворено, а кога се излегува надвор да се носи топла, повеќеслојна облека и обувки за снег и мраз.
„Бидете активни и движете се во затворени простории колку што можете повеќе. Проверете го греењето, и најмалку една соба треба да биде загреана на темепература од 18 до 21 степен целзиусов. Хронично болните редовно да ја земаат терапијата. Да се пијат топли напитоци, но не и алкохол, кој го зголемува ризикот од премрзнување“, советуваат лекарите од Центарот за јавно здравје Скопје.
Постарите лица и бебеињата да се облекуваат во потопла облека, бидејќи тие создаваат помалку топлина во своите тела, а бебињата се поподложни на ладење.

„Ако дојде до прекин на греењето во просториите во кои престојуваат луѓето и тоа потрае повеќе часа, а температурата падне до 10 степени целзиусови, на оваа темепратура здрави луѓе може да работат и спијат со соодветна облека и ќебиња. Ако темепартурата падне под 10 степени на луѓето им е потребна енергијата од мускулната маса за да оддржат соодветна телесна температура, а ако падне под 6 степени и тоа трае повеќе од два часа постои ризик од премрзнување. За ранливите групи препорачана собна температура е до 20 степени целзиусови, а собна температура до 12 степени е ризик за нивното здравје. При собна температура под 16 степени има ризик од појава на респираторни инфекции, а собна температура под 12 степени зголемен ризик од напор накардиоваскуларниот систем“, велат од Центарот за јавно здравје Скопје.

Извор: sdk.mk
Прегледи:
415
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
10.01.2017