Категории

Сега е време за бебе: Сперматозоидите се најздрави во зима и раната пролет

Секое годишно време има своја намена, па така зимата и раната пролет се идеални за сите оние кои сакаат и планираат потомство. Плодноста кај мажите тогаш е најизразена бидејќи сперматозоидите во тоа време се најподвижни. Сексолозите ја објаснуваат оваа врска помеѓу плодноста и годишното време.

– Температурата на теститсите и скротумот е директно поврзана со температурата на сперматозоидите. За нив идеални услови нудат зимата и раната пролет. Така, сите оние кои сакаат потомство се советуваат да го искористат ова време кога се поголеми шансите за зачнување, велат сексолозите.

Ова мислење на сексолозите го потврдуваат и различните истражувања кои покажале дека движењето на сперматозоите се подобрува за време на зимата и пролетните месеци, но и дека во овој период се забележани помалку абнормалности во нивната структура.

Треба да потенцираме дека климата која е карактеристична за нашето поднебје е доста погодна бидејќи таа го диктира темпото на нашиот организам а и самата пролет има дополнително влијание на нашето тело бидејќи ја зголемува нашата енергија и будност.

Освен на луѓето, зимата и пролетта имаат ист ефект и врз животните што е дополнителен доказ на претходното тврдење, зошто животните реагираат на сличен начин како и луѓето.

Прегледи:
570
Објавено на:
12.01.2017