Експертите предупредуваат дека облеката на патот од фабриката до продавницата поминува низ премногу раце, често се чува во несоодветни услови, а пред да ја купат голем број луѓе истата ја пробуваат. Токму заради тоа облеката може да биде “расадник”на разни инфекции, кожни заболувања и сл.
Во хигиенска смисла најпаметно е да се испере облеката барем еднаш, а во некој случаи и два пати пред носењето. Како дерматолог сведочев на разни кожни проблеми поради неперење на облеката и лично не би ризикувал, вели за Волстрит Журнал Доналд Белсито, професор по дерматологија на универзитетот Колумбија.
Како најважна и најопасна причина зошто облеката би требало да се испере експертите го наведуваат остатокот од боја и хемикалии како што се фромалдехидите што се користат во производството.
Токму формалдехидот е виновен за голем број алергии, ослабен имунитет, а истражувањата покажаа дека може да биде штетен за здравјето.
Се наоѓа во облеката што не се гужва, а треба да се обрне внимание и на облеката од синтетички ткаенини затоа што тие се бојадисуваат со штетните азо – анилин бои.
Ако вообичаено имате проблеми со алергии, поради овие нешта можете да добиете силна реакција, а кај останатите луѓе тие може да предизвикаат иритација.