Категории

Верувања и обичаи: Вечерва треба да останете будни до полноќ и да го сторите ова за да ви се случи прекрасна работа

Ако Во Богојавленската ноќ на полноќ го отворите прозорецот и погледнете во небо, најверојатно ќе забележите дека и некој од вашите соседи го прави истото. Ова не треба да ве чуди…станува збор за прастар православен обичај!

18. јануари е Крстовден, голем христијански празник и првиот ден по Божик кога се пости. Во минатото се подразбирало на овој ден да се прават голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление.

Сепак, главното нешто се случува вечерва! Штом ќе зајде Сонцето, во очи на празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави!“, а одговараат со: „Навистина се јави!“, а особено е важно да се остане буден до полноќ!

Имено, нашите стари верувале дека ноќта меѓу18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“. Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.

Денот кога е крстен Исус во реката Јордан

Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото. Се верува дека немажените девојки, доколку стават огледало под перница на 18 јануари ќе го сонуваат мажот за кој ќе се омажат.

Исто така во некои делови, малдите девојки месат по четири топчиња од тесто. Во три од нив ставаат ливче хартија со име од своите симпатии, а едно оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во вода што врие и првото топче што ќе излезе на површина го носи името со љубовта на таа девојка. Доколку прво на површина исплива празното топче-тоа значи дека девојката сеуште не го запознала оној што и е суден.

Се верувало дека во време на Богојавление се претскажувало какво ќе биде времето цела година. Ако има голем мраз или врне снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, ќе биде сушна. Доколку 19 јануари биде дождлив, цела година ќе има многу врнежи и поплави.

На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотврона и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година.

Богојавление се одбележува со традиционално фрлање на богојавленскиот крст и пливање по него.

Прегледи:
381
Објавено на:
19.01.2017