Категории

Лазаров: Желбата и срцето нè доведоа каде што сме

Самиот факт дека игравме против Шпанија и се истрошивме кажува дека извлековме денес максимум. Тие (Исланд) беа подготвени и физички и психички бидејќи имаа повеќе време за тоа, истакна капитенот Кирил Лазаров по натпреварот со Исланд.

-Норвешка е противник за почитување. Имаат и глава и опашка.Денес веруваме до крај, како и со Тунис. Така беше и договорот. Јас би се одморил добро два дена и заедно и пробале да направиме историја против Норвешка, се може. Желбата и срцето не доведоа каде што сме, на трето место. Им честитам на сите момци, на стручниот штаб, на Фалангата, додаде Лазаров.

Капитенот на нашата ракометна репрезентација изрази загриженост поради повредите на Миркуловски и Манасков, но се надева дека двајцата ќе бидат подготвени за дуелот со Норвешка кој Македонија ќе го одигра во сабота.

Прегледи:
434
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
19.01.2017