Категории

Најпопуларното мексиканско пиво Сол, можете да го вкусите и во Скопје

Кога ќе ви кажат дека постои мексиканско пиво кое го носи духот на независноста и слободата, го прославува живеењето и слободата на духот, слободата да бидеш тоа што си, станува збор за Сол, пивото чие мото е espiritu libre (слободен дух).

Пивото во Мексико има долга историја, се произведува со векови наназад, а мексиканците го обожуваат. Има најразновидни мексикански пива, но Сол е едно од најстарите пива, но слободно може да се каже дека е најпопуларното и најсакано мексиканско пиво.

Првично се појавило на пазарот во 1899 година под името El Sol, а името го добило до сончев зрак кој паднал на тенџерето додека се спремала смесата за изработка на пиво.

Брендот бил присутен на пазарот долги години, но ребрендиран е во 1993 година и сега се дистрибуира насекаде во светот, па дури и кај нас во Македонија.

Единствениот мексикански ресторан Амигос во Скопје, покрај разновидната мексиканска кујна, ви го нуди и ова мексиканско пиво.

Сол е најавтентичното мексиканско пиво кое постои, тоа е пиво со светла боја и со малку вкус на хмељ, омилен е кај младите, особено заради неговото мото – слободата и авантуризмот.

Во Амигос промотивно може да платите еден, а да добиете две Сол пива, со нарачување на најпопуларниот начос чипс со топен кашкавал, бидејќи единствено подобро од пиво е пиво со вкусно мезе!

VIVA ESPIRITU LIBRE. VIVA SOL.

 

Прегледи:
1031
Објавено на:
20.01.2017