Категории

Охрид, Бардовци и Ново Село на фотографии од 1920 година

Курт Хилшер бил германски фотограф кој во раните 1900 години патувал низ Европа и снимал воодушевувачки фотографии.

Автор е на неколку книги во кои се наоѓаат фотографии од Италија, Шпанија, Германија и Југославија.

Во средината на 1920 –тите години Хилшер патувал низ цела Југославија и правел книга со пејсажи, држави и народи. Во Белград му е доделен тумач, добил дозвола за влез на поседите од сите локални власти, а на располагање имал и автомобил. Фабриките Zeiss-Ikon и Agfa tvornice му дале одлични фотоапарати, објективи и фотоплочи.

На својот пат од словенските Алпи до границата со Бугарија направил 1.200 фотографии, а одбрал 191 фотографија на кои прикажал атрактивни и различни пејсажи, архитектура и начин на живот на жителите на Југославија. Вели дека намерата не му била да прави разгледници.

Неговата збирка е објавена 1926 година во Берлин. Оваа скапоцена книга не се печати повеќе, а сите фотографии се наоѓаат на плоча Agfa Chromo Isorapid.

Извор: Мафакс

Прегледи:
1641
Објавено на:
24.01.2017