Категории

Антонија и Денис ги добија главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“

Антонија Гиговска и Денис Димоски се победници на “Кастинг талент шоуто”, кое изминативе два месеци се емитуваше на Канал 5 телевизија.

Антонија и Денис беа одбрани од жирито на шоуто и ќе настапуваат во главните улоги во мјузиклот “Тајно моја” во македонската опера и балет, посветен на музичката легенда Тоше Проески.

И покрај тоа, што беа прогласени победниците, жирито одлучи сите деветмина учесници, кои синоќа се појавија на сцената да добијат шанса да се појават на мјузиклот, чија промоција е закажана за 10-ти март.

Синоќешниот музички спектакл се одржа на денот на роденденот на македонската музичка икона Тоше Проески, кој вчера требаше да наполни 36 години.

Прегледи:
349
Објавено на:
26.01.2017