Летното сметање на времето почнува на 27 март, во недела, така што во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот. Со зголемувањето на денот, некаде кон средината на јуни, ќе имаме најкратка ноќ, односно ќе се стемнува околу 20 часот.
Летното сметање на времето во 2016 година завршува на 30 октомври во 3 часот со поместување за еден час наназад.
Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2016 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.