Пред повеќе од една деценија македонската публика будно ги следеше сплетките на Руби во истоимената мексиканска теленовела.
Барбара Мори, која ја имаше улогата на злобната заводничка, за два дена ќе го прослави својот 39. роденден и сè уште изгледа одлично.
Барбара е мајка на 18-годишно момче, кое успешно се пробива во модната индустрија.
Во февруари минатата година, Барбара стапи во брак со 27-годишниот бејзбол играч Кенет Реј Сигман.
Згодната актерка, родена во Уругвај, има своја линија долна облека и неретко се вклучува во хуманитарни активности, особено во кампањи за подигање на свеста за рак на дојка, бидејќи таа самата успеала да извојува победа над оваа страшна болест.
https://www.youtube.com/watch?v=lFutRgWieRg