Во средата, Маријам Мирзакани стана првата жена во 78 години што некогаш била наградена со титулата „Престижниот медал од полето на математички науки“. Тоа се смета за највисоко доделена чест од полето на математиката.
Поконкретно, се подразбира дека оваа жена допридонела неверојатен напредок во развивање на Теоријата за Риемановите површини и нивните модулни простори. Оваа награда, позната уште како „The Fields Medal“ е доделувано на секои четири години од Интернационалната Математичка Унија на неверојатни математичари коишто се помлади од 40 години.
Со назначувањето на Мирзакани за освоено прво место, засега се доделени први места на 54 мажи и 1 жена. Многумина се надеваат дека ова ќе ги поттикне припадничките на женскиот пол да се вклучат повеќе во науките коишто се сметаат за „помаженствени“ и да го срушат овој стереотип.
Ќе бидам многу среќна доколку ова придонесе за да се мотивираат младите жените кои сонуваат да бидат научници или математичарки. -вели таа на прес конференцијата.
Кристијан Русо, заменик претседателот на Интернационалната Математичка Унија, вели дека ова е неверојатен момент кој не треба да биде заборавен, а воедно и прославување за жените. Тој ја спореди со Марија Кири, жената која не се плашеше да ги урне многуте лажни претпоставки за тоа што всушност е машка, а што женска работа.