Настапот кој ги воодушеви сите во емисијата „Јас имам талент“ е оној на 7-годишниот Никола Мирковиќ од Белград.
Во еден момент и Ана стана и почна да игра со него.
-Ти си пресладок, навистина, ама треба да пораснеш. За тебе ова е тешка задача. Мислам дека не сакаме и не треба да те оценуваме. Ти сигурно ќе станеш голема ѕвезда – му рече актерката Даница Максимовиќ.
Посебно воодушевен беше идниот татко Раста, кој очекува бебе со сопругата Ана Николиќ.
-Ти си вистински рапер! Гледам дека однесувањето и гестикулациите ти се целосно во рап фазон. Но требаше и да ни пееш нешто, рече Раста.
Раперот потоа сакаше и нешто да му подари на Никола.
-Имам еден подарок за тебе, бидејќи слушнавме дека утре ти е роденден. Сакам да ти подарам нешто што ми е многу драго и да го носиш. Договорено? – му рече Раста и му го стави на вратот на Никола.
Сите во студиото аплаудираа.
Погледнете го настапот: