Пред нас имаме нова година, што значи нови шанси за поубави почетоци.
Она што немавте шанса да го исполните во 2016-та, може да го направите во новата 2017-та.
Кои денови се најповолни за љубов, а кои за работа? Кои се вашите среќни периоди во 2017-та?
Овен
3-ти февруари до 3-ти март – Може да се заљубите силно и страствено, да остварите финансиски успех, да уживате во вниманието и комплиментите кои ќе пристигнуваат од сите страни.
28-ми април до 6-ти јуни – Венера е во вашиот знак и освен тоа што ќе ви донесе среќа во љубовта, ова е поволно време за правење пари од вашите знаења и деловни вештини.
Бик
6-ти јуни до 4-ти јули – Подароците, признанијата и вниманието кое ќе го добивате од блиските и вербата во сопствените можности, ќе ви создадат чувство дека сте сакани и ќе ви ги разубават деновите.
7-ми ноември до 22-ри ноември – Промените ве водат во подобар живот. Спојот на Венера и Јупитер во знакот на Скорпија е знак на благосостојба, богатство и среќни моменти во пар.
Близнаци
6-ти јуни до 20-ти јуни – Плоден период за деловно докажување и професионално усовршување. Новите работни предизвици ќе ви ги зголемат месечните примања.
6-ти јули до 30-ти јули – Венера во вашиот знак ќе ја нагласи привлечноста, спонтаноста на вашата личност и ќе ви помогне во остварување на љубовните и финансиски планови.
Рак
31-ви јули до 28-ми август – Дека животот е полн со неочекувани изненадувања и дека никогаш не знаете што може да ви донесе, ќе сфатите токму во овој период на промени.
9-ти декември до 31-ви декември – Од страст и љубов ќе биде изградена секоја ваша клетка. На пат сте кон големи љубовни остварувања, се движите сериозно и верувате во себе. Само напред!
Лав
6-ти јули до 24-ти јули – Меркур е во вашиот знак и ве поттикнува на големи деловни активности, што ќе ви донесе шанси за поголема заработка и зајакнување на самодовербата низ работата.
26-ти август од 9-ти септември – Магнетски сте привлечни. Ќе ве усреќи наклонетоста на личности од спротивен пол, но би требало да се задржите до една која вам ви е драга.
Девица
13-ти јануари до 31-ви јануари – Можете да уживате во опуштеноста, чувството на мир и близината на луѓето кои ги сакате. Социјалниот живот ќе биде извор на возбудливи емотивни ролеркостери.
19-ти септември до 6-ти октомври – На самците ќе им се пружи шанса за влез во нова љубовна врска. Страста ќе биде посилна од разумот. Не се плашете од препуштање на контролата – уживајте!
1 2