„Напиј се малку ракија, па ќе се чувствуваш подобро“ е реченица која речиси секој ја има слушнато барем еднаш во својот живот, а лековитите својства на ракијата се пренесуваат од генерација на генерација. Со оглед на тоа што постои висок процент на алкохол во ракијата, сепак треба да внимавате на тоа колку и како консумирате, но мала количина брзо ќе ви помогне во лекувањето на одредени здравствени проблеми. Погледнете ја оваа листа на тегоби кои нашите предци успешно ги лекувале со помош на ракија.
1. Болка во желудникот
Сте јаделе тешка и мрсна храна која ви предизвикала болка во желудникот? Напијте се малку ракија и веднаш ќе ја смирите.
2. Болка во забите
Напијте се малку ракија и држете ја истата на болниот заб, протресете, а потоа плукнете ја. Повторете 2 или 3 пати со мала временска разлика, за премногу да не ги раздразните непцата.
3. Болка во грлото
Ако имате болка во грлото, односно воспаление предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Исто така во ова може да ви помогне и топол чај од билки, со малку ракија.
4. Менструални болки
Неколку голтки од која било слатка ракија може да ги ублажи грчевите и чувството на мачнина во желудникот кои честопати ја придружуваат менструацијата.
5. Болки во грбот
Нежно масирајте со малку ракија на болните и вкочанети места на грбот. Повторете ја постапката после неколку часа. За оваа намена се препорачува ракија која се прави од остатокот на грозјето после ферментацијата, но може да се употребуваат и други видови.
6. Вкочанет врат
Исто како и вкочанетиот грб, така и вкочанетиот врат можете да го третирате со ракија на ист начин.
7. Болка кај ревматични заболувања
Кај заболените од артритис, масажата со ракија често е средство за ублажување на болките во зглобовите.
8. Отоци
Ракијата докажано ја лади кожата, па добро влијае на отоците. Со неа можете да масирате на отеченото место или пак, да ставите облога. Имајте на ум дека ракијата после неколку минути може да ја иритира кожата, па затоа, не држете ги облогите премногу долго.
9. Лоша циркулација
Нашите баби и дедовци честопати по будењето пиеле ракија за да ја поттикнат забавената циркулација.
10. Уролошки проблеми
Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.
11. Мачнина при возење
Секако, овде ракијата им помага на полнолетните совозачи, затоа што возачите не смеат да пијат додека возат. Многу возрасни луѓе сѐ уште се борат со мачнината при возењето, а ракијата има моќ да ви помогне при овој проблем.
12. Дезинфекции на рани
Ракијата може да послужи како средство за дезинфекција, како на пример за мала засечена рана или некоја друга, за која би го користеле медицинскиот алкохол.