Категории

5 причини зошто веднаш да се напиете чаша какао

Какаото претставува одличен извор на железо, манган, цинк и хром, а содржи и витамин Ц.

Какаото исто така е и одличен извор на бројни антиоксиданси, а особено полифеноли коишто подмладуваат, но и го штитат организмот од влијанието на слободните радикали, како и некои видови на канцери.

А ова се 5 причини зошто  веднаш да се напиете чаша какао:

1.Какаото помага во регулацијата на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта.

2.Овој “кралски” прав го урамнотежува и крвниот притисок, но и го заштитува организмот од болести на кардиоваскуларниот систем.

3.Поттикнува подобра концентрација и помнење, па особено се препорачува во периоди на подготовки за испити или за време на напорни деловни преговори.

4.Ги намалува негативните последици од секојдневниот стрес.

5.Какаото го поттикнува лачењето на хормонот на среќа – серотонинот, па и забележително го подобрува расположението.

Прегледи:
422
Ознаки:
· ·
Објавено на:
07.02.2017