Категории

20 РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИТЕ ВО ВАШИТЕ 20-ТИ

Сите велат дека еден ден кога ќе остариме нема да жалиме за работите коишто сме ги направиле, туку за оние коишто не сме ги направиле. Па затоа, доколку сте во 20-тите години од вашиот живот, еве кои 20 работи треба да ги направите пред да наполните 30!

  • Потрошете поголема сума на пари за парче облека коешто прави да се чувствувате прекрасно.
  • Остварувајте ги вашите соништа.
  • Креветот заменете го со поголем и уживајте во ширината додека спиете.
  • Купете и убави, интересни и меки перници.
  • Заминете на одмор само со пријателките.
  • Поминете една ноќ со момче со коешто не сте во врска.
  • Побарајте покачување на платата.
  • Јадете ја вашата омилена храна.
  • Мастурбирајте!
  • Јадете зеленчук.
  • Купете ја омилената чанта!
  • Четкајте ги забите редовно и блескајте со прекрасна насмевка.
  • Патувајте почесто.
  • Престанете да се дружите со негативни луѓе.
  • Користете презервативи.
  • Откачете го момчето коешто не ве заслужува!
  • И секако не срамете се да му ги признаете чувствата на тој што ви се допаѓа.
  • Купете кармин за уста којшто одговара на вашата кожа и изгледајте природно.
  • Најдете кафуле каде што ги прават најубавите коктели во градот.
  • Одете на состанок со некој што се бакнува волшебно!

 

Прегледи:
274
Ознаки:
·
Објавено на:
07.02.2017