Категории

Како изгледаат фитнес моделите кога не позираат за Инстаграм?

Овие денови, никој не е изненаден од фотографиите коишто ги ставаат девојките со цел да го покажат своето совршено тело. Но што ако ви кажеме дека и оние „совршени“ девојки не се толку совршени колку што мислите вие?

Со таа цел, ве носиме на едно поинакво место кафе фитнес тренерот Ана Викторија се одлучи да не троши зборови, туку со една слика да ви докаже дека секој човек има добри и лоши агли.

 

Во нејзините фотографии, таа позира на два начини: Во станата и седечка положба. На првата фотографија, нејзиниот стомак е рамен и тониран, додека на втората фотографија, тој е сосема спротивното. И уште еден интересен факт: Временскиот интервал од двете слики изнесува ништо повеќе од 2 минути!

Ана Викторија се реши да ги сподели фотографиите со светот со цел да им помогне на младите девојки кои се чувствуваат несигурни и анксиозни во врска со нивното тело. Пораката е дека сите имаат мани и дека не треба да ги кријат или да се срамат од нив.

И другите фитнес тренери се сложуваат со неа.

Прегледи:
428
Објавено на:
11.02.2017