Категории

Денеска помогнете им на гладните и беспомошните

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 февруари.

Денеска е Преподобен Лука Еладски

Родум од Касторија. Уште како дете никогаш не сакаше да вкуси месо и сиот живот го минуваше во чистота и молитва. Еднаш појде на нива со семе жито за да сее. Но патем поголемиот дел им го раздаде на сиромасите, а помалиот што му преостана го посеа. Даде Бог и од тоа малку семе се собра поголем род одошто порано кога го сееше целото количество. Потоа Лука побегна од својата мајка вдовица во манастир. Нажалена мајка му Го молеше Бога да ѝ ја објави тајната каде ѝ се наоѓа синот. И Бог ја услиши нејзината молитва. Игуменот на оној манастир три ноќи едно по друго ја сонуваше една жена како остро го напаѓа што ѝ го зеде синот единец. Тогаш игуменот му нареди на Лука веднаш да оди кај мајка му. Лука отиде, се виде со мајка му, но пак си замина, овој пат бесповратно. Живееше во покајание на т.н. Јованова Гора. Ноќе Му се молеше на Бога, а дење работеше во градината и на нивата не заради себеси, туку за сиромасите и посетителите. Се хранеше само со леб од јачмен. Бог му даде дар на чудотоворство. Се упокои мирно во Господ во 946 година. Од неговите мошти одвреме навреме течеше миро.

Бидејќи во текот на својот живот важел за добротвор и помагаш на луѓето Преподобниот Лука Јеладски и денеска се смета за заштитник на слабите и немоќните. Се верува дека се грижи за сиромашните и угнетените и дека денеска не смеете да избркате просјак од вратата и ли да одбиете да му пружите помош на некој кој ја бара, зошто на тој начин ќе го навредите светецот и ќе го навлечете неговиот бес.

Прегледи:
273
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.02.2017