Тие го прават тоа малку поразлично – нивната амбиција им помага да останат фокусирани на својот живот, своите планови и цели, на она што го сакаат и имаат намера да го добијат. Тие не дозволуваат љубовниот живот да им стане проблем, да им ги расипува плановите и да ги ограничува.
1. За нив љубовната врска не е сѐ
Кога ќе се заљубат, тоа не е целиот нивен живот, иако тие се вложуваат себеси целосно, создавајќи односи и пронаоѓајќи среќа и стабилност во партнерството. За амбициозните девојки е важно да имаат и други приоритети, како и сопствен живот кој се одвива надвор од љубовната врска и во кој тие се афирмираат и го пронаоѓаат своето исполнување.
2. Тие бараат предизвик
Потребен им е партнер кој ќе им понуди предизвик во сите аспекти од љубовната врска, бидејќи тие сакаат да учат, да стекнуваат знаења и истите да ги применуваат. На амбициозните девојки нема да им го задржи вниманието некој кој е помалку амбициозен од нив и кој не ги покренува и не ги инспирира да се развиваат и менуваат.
3. За нив романтиката е нешто друго
Тие сакаат излегувања, романтични вечери и нежни зборови, како и сите останати девојки. Но, за нив е навистина романтично кога на некој може да се потпрат и да сметаат на неговата помош и поддршка.
4. Тие се изјаснуваат отворено
Не се плашат да ги искажат своите чувства. Кога некој им се допаѓа и кога нешто чувствуваат, тие зборуваат за тоа. Не седат и воздивнуваат, чекајќи на негова иницијатива. Тие знаат што сакаат и го бараат истото.
5. Не играат игри
Никој нема да чека 2 часа за да добие одговор на пораката од амбициозната девојка. Таа комуницира, не остава никој да ја чека, бидејќи го цени туѓото време исто како и своето и нема време за глупости и различни умствени игри чија цел е да предизвикуваат внимание и интересирање.
6. Им се случуваат многу други работи освен љубовната врска
Таа нема да го запостави својот партнер, но има толку други работи кои ја исполнуваат – работата, пријателите, семејството, нејзините интереси и хобијата. Нејзиниот живот има цврста структура која нема да се распадне ако нејзината врска прекине и доколку излезе дека емотивното вложување било погрешна инвестиција.
7. Таа го цени добриот одговор
А тоа не е размена на дневни информации, или разговор за безбедните области од културата или општествените случувања. Тие навистина знаат да разговараат за најдлабоките и најважните работи и ги интересира сѐ што е во врска со личноста на партнерот, неговите ставови, стравови, искуства, желби и планови.
8. Подеднакво се силни и емотивни
Амбициозните девојки знаат дека не мора да избираат помеѓу својата сила и својата емоционалност. Тие го имаат и едното и другото. Интелигентни се, вредни, самостојни и исто така чувствителни, отворени, ранливи. Тие знаат дека може да бидат повредени и не се плашат од тоа и не бегаат од своите чувства, без разлика какви се тие.
9. Знаат дека на почетокот ќе биде тешко
Тие се познаваат себеси – навикнати се да имаат контрола, а кога станува збор за љубовта, контролата не е во нивните раце и тоа малку ги дезориентира. Но, тие сметаат на тој почетен период на запознавање и прилагодување и за нив претставува предизвик да го надминат.
10. Тие нема да чекаат засекогаш
Тие ќе го искажат своето интересирање и ќе почекаат тој што им се допаѓа да реагира и да преземе нешто. Но, тие нема да чекаат вечно, бидејќи доколку е некој заинтересиран за нив, тогаш треба и нешто да преземе, без да губи време. Не се брзаат да влезат во љубовна врска, но не чекаат и бесконечно да добијат одговор.
11. Не веруваат во бајки
Амбициозните девојки не го бараат совршениот маж, ниту пак имаат нереални романтични очекувања. Тие сакаат некого со кого ќе бидат среќни и исполнети, некој што ќе ги сака такви какви што се и покрај кого ќе можат да ги остварат своите цели.