Списанието W одлучи да создаде кампања за тоа колку имигрантите се дел од модната инструја во Америка, именувајќи го видеото “I am an immigrant“ кое се бори против идеите на новиот американски претседател. Во него се појавуваат 81 ѕвезда од модната индустрија, на тој начин давајќи одговор на Трамповата забрана за влез во земјата на седум претежно муслимански држави. Снимено во текот на модната недела во Њујорк, во ова видео искажуваат солидарност бројни модели, дизајнери, уредници, фотографи, стилисти и други инсајдери од модната бранша а меѓу нив се наоѓаат Адриана Лима, Вини Харлоу, Дауцен Краус, Жозеф Алтузара и бројни други.