Според мислењето на геронтололзите – специјалисти кои ги проучуваат процесите на стареењето на кожата, постојат низа намирници кои можат да го успорат стареењето на кожата.
1. Витамините од групата Б кои се наоѓаат во сирењето, квасецот, зелјето и мешунките.
2. Цинк. Внесувајте го во организмот преку ориз, млеко, лук, цвекло и домати.
3. Зачини, пред се црниот бибер, циметот, мајчината душица, ѓумбитоѕ го поддржуваат потребното внесување на проетини а тоа е доволно да се успори процесот на стареење.
4. Таурин. Тој може да се најде во морските риби и раковите. Према некои истражувања, оваа супстанција ефикасно се спротивставува на дејството на слободните радикали.
5. Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во масните риби, лененото семе, мешунките и оревите се одговорни за апсолутно сите процеси кои се случуваат во клетните на нашето тело. Неделно треба да се јаде најмалку 400гр. туна, пастрмка, харинга и лосос.
6. Флавоноиди, постојат најмногу во црвеното вино. Овие супстанции штитст од слободните радикали и го спречуваат оштетувањето на клеточните мембрани.