Категории

Може да биде опасно – еве зошто не треба да се чува млеко во вратата од фрижидерот

Не е сеедно на кое место која намирница ја чувате во фрижидерот, тоа веројатно веќе го знаете.

Повеќето луѓе имаат навика да го чуваат млекото во вратата од фрижидерот, бидејќи е спакувано во стаклено или пластично шише, или можеби во картонска кутија, па вратата некако ни се чини најпогодна за таа намена.

Меѓутоа, тоа е голема грешка, велат експертите за храна и објаснуваат дека вратата е најтоплиот дел од фрижидерот и поради тоа не е погодно место за чување намирници кои лесно можат да се расипат.

Значи, каде треба да го чуваме млекото?

На пониските или средните полици во фрижидерот, а ако е можно ставете го млекото во стаклено шише, бидејќи тоа е единствениот начин за млекото да остане свежо и здраво.

Истото правило важи и за суровото месо и риба – не ги ставајте во вратата од фрижидерот, туку на најниските полици кои се најстудени!

Вратата од фрижидерот е добро место само за конзервирана храна и храна која има продолжен рок на траење.

Исто така, суровата и готвената, термички обработена храна, немојте да ги чувате на исти полици, туку што подалеку една од друга, во затворени садови.

И на крајот, најважниот совет – чистете го вашиот фрижидер барем еднаш месечно.

Прегледи:
375
Ознаки:
· ·
Објавено на:
03.03.2017