Категории

Над 120 гости побегнале од ресторан без да платат сметка

Повеќе од 120 гости кои прославувале крштевка во ресторан во град на северозападот на Шпанија, одеднаш побегнале од ресторан без да ја платат сметката, рече сопственикот.

Романските гости кои платиле депозит од 900 евра групно побегнале од ресторанот „Ел Кармен“ во моментот кога требало да се послужи десертот, рече сопственикот Антонио Родригез.

„Тоа се случи за една минута. Тоа е нешто што го планирале и сите истрчаа како во стампедо“, рече сопственикот.

Тој уште додаде дека му останале должни над 2.000 евра.

Групата го изела предјадењето, главното јадење и испила 30 шишиња разни пијалаци, рече сопственикот и додаде дека вакво нешто му се случува првпат во 35 годишната работа.

Родригез ги изнел деталите од резервацијата пред полицијата, но рече дека не верува дека долгот ќе му биде исплатен.

Полицијата во изјава за шпански „Ел Паис“ навела дека сè уште не успеале да пронајдат ниту еден од побегнатите.

Извор: Макфакс

Прегледи:
377
Објавено на:
05.03.2017