Категории

Гризман нема да го напушти Атлетико

Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид и покрај нескриениот интерес на неколку големи европски тимови, пред сите Манчестер Јунајтед и ПСЖ, пишуваат британски Индипендент и шпански АС.

 

Клаузулата за предвремен раскин на договорот од речиси 100 милиони евра, не е проблем за финансиски моќните Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но Гризман решил и наредната сезона да остане во Атлетико, откако стана јасно дека на клупата ќе остане тренерот Диего Чоло Симеоне.

Покрај останувањето на Симеоне, една од причините за останувањето на Гризман е новиот стадион на кој Атлетико ќе игра од наредната сезона.

Според наведените два медиуми, Гризман не сака да игра во Франција, а Манчестер Јунајтед, поточно менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, се насочил кон напаѓач со поинакви карактеристики.

Наводно прва мета на Португалец е Роберт Левандовски од минхенски Баерн, а втор пик е тинејџерот од Монако Мбапе.

Извор : Макфакс

Прегледи:
424
Објавено на:
08.03.2017