Додека остатокот од Америка седи пред малите екрани по цел ден, Амишите вредно работат, одгледуваат култури, прават мебел и произведуваат корисни добра.
Неодамнешната студија објавена во магазинот “Cancer Causes and Control” (Причини за ракот и негова контрола), откриено е дека меѓу Амишите речиси и да нема случаи на рак и дека тие се најздравите луѓе во Америка. Експерти од Универзитетот во Охајо започнале студија за Амишите за да открија дали нивниот недостаток на конвенционална медицинска нега влијае врз зголемувањето на ризикот од добивање рак.
Меѓутоа, она што го откриле сосема ги шокирало. Откриено е дека Амишите имаат значително помали шанси да заболат од рак во однос на остатокот од населението, па експертите одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот, исхраната и да се обидат да најдат врска со неочекуваното откритие. Многу Амиши не пушат и не пијат алкохол и претежно не се промискуитетни, па експертите дошле до заклучок дека ваквиот начин на живот има важна улога во намалените случаи на рак.
Меѓу останатите фактори е и количината на физичка работа. Многу Амиши се занимаваат со земјоделство, градежништво и други работи кои бараат огромна количина на физичка активност која ги прави здрави.
Додека остатокот од Америка седи пред малите екрани по цел ден, Амишите вредно работат, одгледуваат култури, прават мебел и произведуваат корисни добра. Експертите веруваат дека токму тоа допринесува за нивното одлично здравје.
Уште еден важен фактор е тоа што Амишите сами ја одгледуваат својата храна. Тие се служат со органски методи со кои се добива здраво овошје и зеленчук, здраво млеко и месо и необработена храна каква што многу Американци, а и многу други луѓе никогаш нема да ја пробаат.
Иако многумина го исмеваат нивниот начин на живот, ги сметаат за заостанати и примитивни, посветеноста на Амишите на „едноставниот“ живот со чиста локална храна која им носи добро здравје, претставува начин на живот за кој остатокот на светот може само да сонува.