Категории

Хит фотографија која е доказ за безусловна љубов

Љубовните стории од реалноста не наликуваат на бајките, но затоа пак имаат моќ да ни ги згреат срцата и да нè потсетат дека безусловната љубов навистина постои.

Фотографија од пар во одминати години стана хит заради приказната која се крие зад неа.

Видов господин кој ја хранеше својата сопруга. Цел живот копнеам за толку силна љубов.

Господинот стана од столчето да ги фрли остатоците, а јас не можев да се воздржам да не го прашам колку години се во брак. Тој ме погледна и ми рече да ја погодам неговата возраст, но да не кажувам премногу ниска бројка. По неколку мои обиди да погодам, ми кажа дека има 96 години, а дека неговата жена има 93 години и страда од Алцхајмерова болест. Биле на љубовен состанок. Ми кажа и дека ако успеат да стигнат до јуни, ќе прослават 75-годишнина од бракот.

Стигнувањето до крајната линија со личноста со која си започнал е едно од најчудесните нешта на лицето на Земјата. Споделувањето на длабока љубов и поврзаност која само расте додека старееме е прекрасно нешто.

Откако сторијата се распространи на социјалните мрежи, многумина споделија слични искуства.

Една корисничка сподели фотографија од своите родители и напиша: „Ова се моите родители, во брак се 66 години и мајка ми има Алцхајмерова болест и не го препознава татко ми. Но, тој оди да ја види секој ден, а таа се смее кога ќе го здогледа. Ги сакам многу и обожавам да ја гледам нивната безусловна љубов.“

Прегледи:
293
Објавено на:
13.03.2017