Модната куќа Dolce&Gabbana потврди дека мегапопуларните филмски ѕвезди Емилија Кларк позната како Денерис Таргариен и Кит Харингон познат како Џон Сноу од серијата „Игра на Тронови“ се новите заштитна лица на нивниот обожаван парфем “The One”. Емилија ќе ја претставува женската верзија на парфемот додека Кит е новото лице кое ќе го претставува The One за мажи.
„Кит Харингтон е совршениот Dolce&Gabbana маж: Млад, природно шармантен, харизматичен и со богата личност и карактер“, изјавија Доменико Долче и Стефано Габана за медиумите.
„Не би можело да постои друго лице по соодветно за овој парфем.“
Легендарното модно дуо исто така изјавија дека Емилија е нивната нова женска муза која ќе го отелотвори женскиот The One. „Таа е прозрачна и живописна, нејзината личност и природна убавина се суштината на оваа кампања: весела, спонтана и полна со живот. Емилија е The One“.