Категории

УЕФА Суперкуп трофејот е во Скопје, ФФМ в сабота организира фотографирање со пехарот

Трофејот кој УЕФА му го доделува на освојувачот на Суперкупот на Европа, повторно е во Скопје. В сабота овој трофеј ќе биде изложен во „Куќата на фудбалот“.

Скопје на 8.август ќе биде домаќин на натпреварот во Суперкупот на Европа. На овој натпревар за титулата се борат победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Трофејот кој го добива победникот повторно е во Скопје, а в сабота ФФМ ќе го изложи во „Куќата на фудбалот“, каде што фудбалските вљубеници ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот.

„Премиерно, УЕФА Суперкуп трофејот ќе биде претставен на Grassroot настанот во организација на ФФМ, односно почетокот на пролетната полусезона во Детската ФФМ лига. На 18. март 2017 од 09:00 до 18:00 часот сите сте поканети на платото пред „Куќа на фудбалот“. Трофејот ќе биде изложен на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ“, објави ФФМ на официјалната интернет страница.

Извор : Макфакс

Прегледи:
419
Објавено на:
17.03.2017