Поминаа само неколку недели откако Адријана Лима се раздели со Џулиен Еделман, а таа веќе пронајде нова љубов.
Папараците ја фотографираа 35-годишната Бразилка додека се бакнуваше со бејзбол играчот Мет Харви за време на романтична вечера во Мајами. На фотографиите, убавиот ангел на Victoria’s Secret и 27-годишниот спортист пијат шампањ, си разменуваат нежности и пушат цигара во релаксирана атмосфера.