Категории

По ова секогаш ќе го спуштате капакот: Еве зошто е опасно да ја држите отворена WC школката?!

 

Капакот за WC школката постои со причина. И тоа со многу добра причина …

Да разјасниме засекогаш, разлика нема – капакот од WC школката мора да ја спуштаат и мажите и жените. Ако досега сте се двоумеле, ве уверуваме дека кога ќе дознаете што се може да најдете на вашата четка за заби кога ќе го оставите капакот отворен, никогаш повеќе нема да ја практикувате оваа нехигиенска навика.

Дури и ако сте човек кој се грижи за овие работи, сигурно еднаш во животот ви се случило по завршувањето на физиолошките потреби да заборавите да го спуштите капакот од WC школката, но многу луѓе тоа не го забораваат туку едноставно немаат навика.

Факт е дека по секоја употреба на тоалетот, пред да пуштите вода, морате да го спуштите капакот ако не сакате да ви се налепат бактерии на вашата четка за заби, чешел за коса, крпа со која си го бришете лицето..

Истражувањата покажале дека кога пуштате вода таа прска и по другите предмети кои се наоѓаат во тоалетот, дури и кога вие тоа не го гледате.

Затоа, ако не го спуштите капакот водата која содржи фекални бактерии ќе се најде на сите споменати работи, но и на козметиката, креми, шампони и сите други работи што ги користите секој ден.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
338
Објавено на:
21.03.2017