Категории

Варди: Добивам смртни закани по отказот на Раниери

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, рекол дека тој и неговото семејство добивале смртни закани, откако минатиот месец менаџерот Клаудио Раниери добил отказ.

Италијанецот Клаудио Раниери девет месеци по сензационалното освојување на титулата во Премиерлигата, поради лошите резултати во новото првенство доби отказ, а медиумите посочија дека Варди бил еден од фудбалерите кои барале менаџерот да биде отпуштен.

„Некаде прочитав дека по натпреварот со Севилја со бил на некаков состанок, а јас во наведениот период три часа бев во собата за допинг. Луѓето измислија многу работи, потоа тоа медиумите ќе го напишат и јас добивам смртни закани и не само јас им се закануваат на моите деца, на мојата сопруга. Да бидам искрен секојдневно добивам закани. Навивачите не ме сакаат“, ја пренесува БиБиСи изјавата на Варди.

Тој дополнил дека лично нема проблеми да се носи со новонастанатата ситуација, но дека целата приказна многу влијае врз неговото семејство.

„Не е ниту малку пријатно кога некој ќе се обиде да го „исече“ автомобилот кој го вози вашата сопруга, а децата се на задното седиште. Тоа се има случено многу пати и тоа е застрашувачки“, дополнил Варди.

Напаѓачот рекол дека се обидува да ги игнорира работите кои се случуваат по заминувањето на Раниери и дека се фокусира на борбата за опстанок во Премиерлигата и четвртфиналниот дуел со Атлетико Мадрид во Лигата нашампионите.

Извор : Макфакс 

Прегледи:
449
Објавено на:
21.03.2017