Категории

ЕДНОСТАВЕН НАЧИН: ЕВЕ КАКО ДА ПРОВЕРИТЕ ДАЛИ ДЕТЕРГЕНТОТ ЗА ПЕРЕЊЕ Е КВАЛИТЕТЕН!

Некои детергенти ги отстрануваат дамките, но оставаат траги на темни алишта, други, помалку агресивни кои се наменети за шарена облека, повеќе ја „освежуваат“ гардеробата, но не секогаш ја отстрануваат нечистотијата.

Често сме во потрага по детергент кој би ги задоволил нашите барања. Поради тоа купувајќи различни, ги тестираме, менуваме, па не секогаш сме задоволни.

Но, постои едноставен начин да се утврди квалитетот на детергентот.

Како би го утврдиле квалитетот на детергенти, направете го следново:

Растворете во чаша 1 лажичка детергент, и потоа во овој раствор ставете парче белка од варено јајце.

– Ако по 24 часа белката остане недопрена, овој детергент е со низок квалитет.

– Ако белката омекне, и ако, дури почне да се растворува – овој детергент одговара за перење шарена облека, или помалку валкана облека.

– Ако белката се растворила во целост, овој детергент идеално одговара за перење на бела и многу валкана облека.

Прегледи:
383
Објавено на:
21.03.2017