Мултифункционалноста на некои производи навистина ги олеснуваат ритуалните за убавина бидејќи наоѓаат примена во повеќе ситуации во кои инаку се потребни повеќе различни козметички производи. Бебешката пудра може да ви користи на повеќе начини одошто мислите, и сигурни сме дека некои од овие примени кои ќе ви ги споделиме не сте ги знаеле до сега, а ќе ви користат многу.
1. Со бебешка пудра до погусти волуменозни трепки
Нанесете мнимален лесен слој на бебешка пудра на трепките откако ќе го нанесете првиот слој на маскара, па потоа откако ќе ја ставите пудрата нанесете го и вториот слој маскара, па ќе ја забележите разликата. Освен тоа што ќе добиете густи и волуменозни трепки, пудрата ќе го спречи размачкувањето на маскарата.
2. Бебешка пудра за суво миење на косата
За овој трик, сигурно веќе сте слушнале. На врвовите на прстите нанесете малку бебешка пудра, втријте ја во коренот и потоа исчешлајте ја косата од коренот до врвовите. Пудрата ќе го впие вишокот маснотии и ќе го зголеми нејзиниот волумен.
3. Го отстранува вишокот сјај од кожата
Една позната визажистка изјави дека бебешката пудра има подобар ефект отколку камената пудра за лице со мат финиш. Но внимавајте, не смеете да користите преголема количина.
4. Прави карминот да ви трае подолго
Доколку ве очекува долга ноќ, во текот на шминкањето после првиот слој на кармин ставете хартиено марамче на усните и нанесете тенок слој на бебешка пудра со четката, потоа повторно нанесете кармин и веќе сте спремни.
5. Помага полесно да отстраните песок од кожата
Едне необичен трик со бебешката пудра е тоа што таа спречува кога сте на плажа да не се лепи песок на вашето тело.
6. Го отстранува непријатниот мирис од обувките
Доколку ставите бебешка пудра во обувките, таа брзо ќе ги апсорбира непријатните мириси.