Категории

ВИДЕО: Гледачите се онесвестувале за време на прикажувањето на филмот „Grave“

Францускиот филм „Grave“ во кој една вегетаријанка почнува да јаде човеково месо и потоа се претвора во канибал беше прикажан на филмскиот фестивалот во Кан.

Но откако филмот почна да се прикажува во кината во САД и Канада под насловот „Raw“ (Сирово) се проширија информации за шокантни сцени кои предизвикуваа непријатни чувства кај гледачите.

Првите „проблеми“ со филмот се појавиле на филмскиот фестивал во Торонто.

Неколкумина гледачи се онесвестиле поради сцената во која главните ликови јадат човеково месо, па итната помош морала да интервенира.

Токму затоа киното „The Nuart Theatre“ во Лос Анџелес на гледачите им понуди ќесички за повраќање при прикажувањето на филмот.

Според менаџерите на киното ова бил многу добар потег затоа што многу гледачи имале потреба од ќесичките.

Режисер на филмот е Французинката Јулиа Декоурнај, а главните улоги ги толкуваат Гарансе Марилиер, Ела Румф и Рабах Наит Оуфел.

Прегледи:
412
Објавено на:
27.03.2017