Сигурно се сеќавате на убавата турска актерка Дениз Чакар која ја играше улогата на Ферхунде во популарната серија „Кога лисјата паѓаат“ која пред неколку години се емитуваше и кај нас.
За Денис пишуваа и нашите медиуми, а беше една од омилените ликови во серијата иако глумеше негативец. Денес Ферхунде или Дениз работи на нова серија која се уште се снима, а на своите профили на социјалните мрежи редовно објавува нови фотографии од сетовите, но и приватноста.
Па така, меѓу многуте такви моменти забележавме и фотографија со нашата позната актерка Сабина Ајрула-Тозија на која се гледа дека се доста блиски.
Инаку, Сабина стекна голема слава и во Турција со улогата на Афифе Хатун во хит серијата „Сулејман Величенствениот“.
Извор: Вистина.мк