Категории

Големата заблуда е побиена, сега можеби ќе го промените мислењето за мачињата

Секој, кој е во секојдневен контакт со мачки ќе ви потврди дека тие се мили, интересни и прекрасни животни, но сепак и понатаму за нив има многу предрасуди. Една од најголемите тукушто е побиена.

Најновото истражување, спроведено во март и објавено во списанието “Behavioural Processes” докажало дека мачките можат да бидат подеднакво пријателски расположени кон луѓето, исто како кучињата. Со ова, истражувањето урнало еден од најголемите митови за мачките – дека овие крзнени убавици многу помалку го преферираат друштвото на луѓе отколку кучињата, поради кое мачињата ги следела неправедната репутација дека тие се себични и недруштвени.

Најновото истражување докажува дека тие можат да бидат подеднакво пријателски расположени кон луѓето како и кучињата.

Истражувањето вклучувало когнитивни тестирања врз мачките какви што биле направени и врз кучиња и желки. За потребите на студијата биле земени 50 мачки и од улица и од нивните домови, кои биле оставени некое време без храна, без играчки и без човечки контакт. Потоа мачките добиле храна, играчки и друштво од луѓе, а најмногу од мачките реагирале на интеракција со човек. Поточно, само 37% од нив ја одбрале храната.

50% од тестираните мачки одбрале интеракција со човек иако можеле да бираат помеѓу тоа и нивните други две омилени стумуланси – храната и играчките. На овој начин добивме уште повеќе докази за нивните комплексни социјално-когнитивни способности, како и способноста за решавање на проблеми. Сепак, и понатаму е врежано мислењето дека мачките не се многу друштвени, ниту дека можат да се тренираат. Причината за ова може да биде недостаток на информираноста за тоа кои стимуланси мачките ги преферираат, објаснуваат авторите на истражувањето.

Прегледи:
423
Објавено на:
30.03.2017