Категории

Како цвеќињата во вазна да траат подолго?

Заедно со пролетта расцветаа и цвеќињата, со кои обожаваме да го китиме нашиот дом. Тие изгледаат преубаво, ни го потхрануваат духот и мирисаат како пролетта да ни влегла дома.

Но, единствениот проблем е што многу брзо венеат. Што препорачуваат цвеќарите во врска со тоа?

Купувајте ги свежи

Со цел цвеќето да трае подолго мора да е многу свежо. Разгледајте ги убаво цветовите, па ако има некои потемнети или свенати ливчиња, не треба да го земате токму тој цвет. Оние што ќе ги купите, веднаш ставете ги во свежа вода.

Разгледајте ја и дршката

Секој цвет сака да „пие вода“, па затоа мора водата да ја менувате секојдневно. Ако видете дека водата во вазната не се намалува, значи треба малку да ги пресечете дршките, но накриво односно во агол од 45°.

Додадете екстра вода

За време на летниот период, потребно им е поголемо освежување. Поради тоа, обичната вода во вазната нема да им биде доволна, па добро е од време на време да ги прскате со вода директно на цветовите.

Оживејте ги за 5 минути

Ако веќе почнале цветовите да венеат, пробајте еден трик кој го користат цвеќарите. Наполнете сад со вода која ќе постои на собна температура и потопете ги цветовите, на тој начин што цветот ќе биде долу во водата. Нека постојат вака пет минути и тие ќе траат подолго.

Прегледи:
813
Објавено на:
02.04.2017