Категории

Миењето раце е најважна работа за децата

Хигинеските навики кај децата треба се развиваат уште на нивна најмала возраст, така што со текот на времето тие да прераснат во секојдневна практика за подобро здравје.

Многу честа причина за појава на осипи и воспаленија, мачнина или дијареа, е токму нехигиената т.е нечистите раце.

Децата се често надвор од својот дом и во допир со нечисти предмети, при што може да дојде до развивање на опасни микроорганизми. Затоа, задолжително е децата да ги мијат рацете веднаш штом ќе дојдат дома, при тоа додека се надвор да не ги ставаат рацете во уста.

Кои болести може да се предизвикаат од нечисти раце?

Дизентерија

Оваа болест се нарекува уште “болест на нечисти раце”. Симптомите на дизентеријата се следни: покачена температура, гадење, дијареа и омалаксаност. Инкубацијата на дизентеријата трае и до недела дена, и понекогаш е многу тешко да се утврди причинителот на болеста.

Дизентеријата може да доведе до дехидрација на организмот на детето. Многу често , родителите не се запознаени и мислат дека детето јадело нешто расипано, па го лекуваат дома. Особено е важно да посетите лекар.

За превенција, задолжително е миење на рацете пред секој оброк, како и после секое шетање или играње надвор од дома. Научете го детето дека не смее да јаде немиено овошје.

Јачмен во око

Многу често се појавува воспаление на окото во вид на јачмен, како резултат на тоа што децата ги тријат очите со рацете. Симптомите се следни: црвенило, чешање, мал оток, можно е и појава на гној по неколку дена од појава на ова воспаление.

Иако ова очно восплание не е опасно по здравјето на детето, сепак неопходно е да се консултирате со доктор за правилно третирање на јачменот.
За превенција од јачмен, научете го вашето дете дека не смее да ги допира очите со рацете, особено ако е надвор а претходно допирало нечисти предмети.

Глисти

Глистите се цревни паразити кои предизвикуваат болка во стомакот. Најчести причинители на глистите се домашните животни, како и мачиња и кучиња скитници.

За превенција, задолжително е миење на рацете по одење во тоалет, играње во песок, игралиште, градинки и училишта.

Прегледи:
369
Објавено на:
03.04.2017