Категории

Хумористични илустрации во кои ќе се пронајде секоја мајка

Холанѓанка на забавен начин ги прикажува моментите кои добро им се познати на сите мајки.

Лизабет Тон е мајка на три деца, која постојано ги претвора своите фрустрации во илустрации. Нејзиниот нов илустриран серијал ги покажува предизвиците на мајчинството, но и бескрајната љубов која ни ја носат децата.

„Мојот живот стана двапати потежок и двапати позабавен и позначаен откако добив деца. Мајчинството е тешко и ние сите сме толку зафатени што понекогаш забораваме да ги забележиме нештата во кои уживаме. Се надевам дека ќе ги потсетам луѓето на тие мали нешта, кои го прават родителството вредно“ – вели таа.

Прегледи:
743
Објавено на:
04.04.2017