Персоналот и докторите од Клиниката за трансфузиологија изведоа несекојдневна спасувачка акција на мајка и нејзините млади кутриња кои се заглавиле под бетонска плоча, пренесува Анима Мунди, објавувајќи видео од настанот.
Тие без двоумење успеаја да спасат мајка со мали кутриња кои завршиле под бетонска плоча и дупка во дворот на клиниката. Докторите ја кренаа плочата, не се штедеа да се извалкаат и да влезат во дупката за да ги извадат животните – велат од “Анима Мунди”.
Мајката и малечките тукушто прогледани кутриња се на безбедно, згрижени од актерката и активистката Ајета Реџеповиќ и госпоѓа Лидија, исто така голем активист.